Околу 15 месеци по неговото заминување како извршен директор на Баерн, Оливер Кан отворено зборуваше за разделбата и за неговите планови за иднината. Поранешниот голман и клупски шеф сега го остави минатото зад себе и гледа позитивно напред.
Баерн му зададе неколку тешки удари на Кан. Прво не му даде можност да ја гледа борбата за титулата во последното коло од сезоната 2022/23 против Келн, а потоа не му даде ниту покана за натпреварот од Лигата на шампионите против Реал.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Сега кога остави се зад себе, Кан реши да проговори за заминувањето од Баерн, а во таа прилика го спомена и Хасан Салихамиџиќ кој беше разрешен од функцијата спортски директор исто како и легендарниот голман.
Во интервју за „Кикер“, Кан делуваше смирено на прашањето за напуштањето на најтрофејниот германски клуб: „Тоа е дел од оваа работа. Јас и Хасан Салихамиџиќ дадовме се за клубот“.
Според Кан, промената во врвот на клубот е нормална, особено со промена на позицијата на генералниот директор: „Промената на раководно ниво, а особено на извршниот директор, секако носи и други промени. И тоа е се што јас би рекол за моето минато како директор на Баерн“.
Како одговор на критиките дека тој и Салихамиџиќ одобриле високи плати, Кан даде детално објаснување:
„Платите секогаш биле договорени и одобрени со финансискиот директор и надзорниот одбор. Структурата на платите во клубот остана конкурентна во споредба со другите врвни европски клубови.“