Дома Фудбал Пике побегна од хаосот во Барселона ?

Пике побегна од хаосот во Барселона ?

Барселона од поодамна не поминувала низ потурбулентен период, а во овој момент не е познато како екипата ќе изгледа во наредната сезона.

Клубот го избра Роналд Куман за нов стратег, а тој веднаш тргна со склопувањето на тим за наредната сезона. На неколку играчи тој веќе им кажал дека нема да смета на нив и дека можат да си бараат нова средина.

Еден од играчите кои сигурно ќе останат е Жерар Пике иако баш и не блескаше во претходните сезони. Куман порача дека Пике остана и дека тој ќе биде лидер на одбраната, но и задолжен за добра атмосфера.

Вистински хаос во Барселона е и околу Лионел Меси, меѓутоа Пике во овој период одлучи да „побегне“ од целата ситуација и да замине на одмор. Шпанскиот дефанзивец ужива со своето семејство на Малдивите.

View this post on Instagram

Family time. @waldorfastoriamaldives

A post shared by Gerard Piqué (@3gerardpique) on

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Новата генерација на Македонија У21 на проверка во Нови Сад со 24 фудбалери

Александар Таневски избра 24 играчи за контролата со Србија на 12 ноември. Дуелот е насоче…