Дома Фудбал Пике кон навивачите: Болно беше да се слушнат свирежите

Пике кон навивачите: Болно беше да се слушнат свирежите

Барселона синоќа доживеа тежок пораз од Баерн Минхен на домашен терен во Лигата на шампиони.

Моќната Барселона е веќе минато, па Каталонците признаа дека овој тим нема доволно квалитет да им се спротистави на најдобрите екипи во светот.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Пике после мечот упати јасна порака до навивачите дека не требало да ги исвиркаат фудбалерите на Барселона.

„Многу е болно да се слушнат исвиркувањата за Сержи Роберто. Тој не е крилно, но игра на таа позиција бидејќи е спремен да се жртвува за тимот. Луѓето се слободни да го кажат своето мислење, но свирежите не ми се допаѓаат, бидејќи не помагаат на никого. Го познавам Сержи, тој е добра личност и многу ме боли од оваа реакција“, изјави Пике.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Заминувањето на Влаховиќ е на повидок: Гигантот од Премиер лигата најреална опција!

Душан Влаховиќ веќе некое време се наоѓа во несигурна позиција во Јувентус, но сепак не се…