Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез е многу изнервиран од однесувањето на Пари Сент Жермен.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Тој како пример го наведе неуспешниот трансфер на Килијан Мбапе ова лето, за кого „кралевите“ понудија 200 милиони евра.




„Клубовите кои се во сопственост на држави едноставно не сакаат да ги продаваат играчите. Тоа е безобразие! Ние понудивме 200 милиони евра за Мбапе, но тие не сакаа да го пуштат“, изјави Перез.




ПСЖ ја одби понудата иако Мбапе влезе во последната година од договорот и многу е веројатно дека ќе го загубат играчот без обештетување.




Притоа, „светците“ вршат притисок и го обвинуваат Реал дека нелегално го „врбува“ нивниот фудбалер.