Дома Топ вести Перез спреми одговор: Пристигнува ѕвездата од Премиер лигата

Перез спреми одговор: Пристигнува ѕвездата од Премиер лигата

Реал Мадрид ја имаше најдобата година во својата историја, но оваа полусезона игра променливо и заостанува цели 14 бода зад Барселона. Сепак, Флорентино Перез спреми адекватен одговор.

Мохамед Салах оваа сезона ја импресионираше Англија со своите настапи во дресот на Ливерпул, па се погласни се шпекулициите за негов трансфер во Реал Мадрид.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Тренерот на „кралевите“ Зинедин Зидан не ги криеше пофалните зборови за Египќанецот, а неговиот агент откри дека целта на Салах е преселба во Реал Мадрид.

Сега и селекторот на египетската репрезентација, Хектор Купер тврди дека Салах без никакви дилеми може да игра за Реал Мадрид.

„Салах е ѕвезда на репрезентацијата на Египет. Неговото присуство ни помогна да се пласираме на Светското првенство. Тимот работеше одлично, посебно Салах. Без никакви дилеми тој може да игра за Реал Мадрид“, изјави Купер.

25-годишниот Салах оваа сезона е прв стрелец во Премиер лигата, а „кралевите“ наводно следното лето се спремни да испратат понуда од 140 милиони евра за неговиот потпис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ројс купи пиво за 80.000 фанови: Последната тура е моја🎥

Борусија Дортмунд се раздели со Марко Ројс, кој го одигра последниот меч на домашен терен …