Дома Топ вести Перез плаќа 100 милиони за новиот „Галактикос“

Перез плаќа 100 милиони за новиот „Галактикос“

Реал Мадрид покажува сериозен интерес за младата ѕвезда на Борусија Дортмунд, Џуд Белингам, пренесуваат англиските медиуми.

18-годишниот фудбалер оставi одличен впечаток во својата прва сезона во Борусија Дортмунд и го привлече вниманието на многу европски гиганти, меѓу кои и Реал Мадрид.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Не е тајна дека „кралевите“ бараат фудбалер кој ќе биде долгорочна алтернатива за Лука Модриќ, кој е на залез на кариерата. 

Белингам има договор со „милионерите“ до 2025 година, но Реал Мадрид ќе се обиде да го купи ова лето и да го истави на позајмица уште една сезона во Дортмунд.

Планот е Белингам да пристигне во Реал следното лето и да биде долгорочна замена за Лука Модриќ.

Шпанските медиуми пренесуваат дека Реал спрема богата понуда која со бонуси може да достигне до 100 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…