Познато е дека Левандовски сака да го напушти Баерн и да се пресели во Реал, но италијанска „Република“ јавува дека оваа „љубов“ ќе остане невозвратена.
Имено, претседателот на „Кралскиот клуб“, Флорентино Перез се предомислил, па ја одбил можноста напаѓачот да го облече дресот на Реал. Таквата одлука можеби се крие во желбата во Шпанија да се доведе тинајџерската ѕвезда, Килијан Мбапе.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Како што опцијата трансфер во Реал пропадна, се јави Челзи кој сака да се засили во нападот. Доаѓањето на Марусио Сари во Лондон е блиску, а наводно тој го одобрил проектот „Левандовски 2018“.
Прашање е само дали Лева ќе се согласи да пристигне во тим кој не се бори за трофејот во Лигата на Шампионите, но Премиер лигата е сигурно атрактивна дестинација за било кој фудбалер.