Манчестер Сити и Тотенхем ремизираа 3:3 во дербито од 17. коло од Премиер лигата.
Стрелци за Манчестер Сити беа Фил Фоден, Џек Гралиш и автогол на Сон. Еден од погодоците за Тотенхем го постигна Сон, а другите два Џовани Ло Селсо и Дејан Кулушевски.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
По натпреварот најмногу се зборува за неверојатната грешка на судијата Сајмон Хупер. Имено, тој направи груба и несфатлива грешка во судиското надополнување на вториот дел и во голема мера го оштети Манчестер Сити и тоа на необичен начин.
По натпреварот новинарите побараа коментар од тренерот на Сити за скандалозната судиска грешка.
Тој даде одговор кој стана вирален: „Ентони Тејлор беше четвртиот судија денес. Знаете, господарот кој знае сè за оваа работа не можеше да ми каже ништо за тоа зошто не ни беше дадено предност. Но, дајте ми го следното прашање, нема да бидам како Артета“.
"Next question, I don't want to do a Mikel Arteta comment."
— Gunners (@Gunnersc0m) December 3, 2023
Pep Guardiola when asked about Jack Grealish going through on goal
pic.twitter.com/JtDQHkj4p5