Дома Трансфер зона Пандев и Џенова добиваат засилување од Милан

Пандев и Џенова добиваат засилување од Милан

Италијанските медиуми јавуваат дека Фабио Борини го напушта Милан и веќе го договорил трансферот во Џенова.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Борини дојде во Милано во летото 2017. година како засилување, но тој епитет никогаш не успеа да го оправда и денес претежно ги гледа натпреварите од клупата или трибините.

На Апенините пишуваат дека на Борини не смета ниту новиот тренер на Милан, Пиоли, па ќе мора да ја промени средината.

Италијанските медиуми потврдија дека двата клуба во моментов ги договараат последните детали и трансферот наскоро треба да се комплетира.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…