Eкипата на Селта утрово се раздели со тренерот Оскар Гарија поради лошиот стат на сезоната.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Селта новата сезона ја започна само со една победа во девет натпревар и тоа беше доволно шпанскиот прволигаш да се раздели со искусниот Гарсија. Ова е првиот тренерски отказ оваа сезона во Ла Лига.
„Оскар Гарсија и неговиот стручен штаб повеќе нема да ја водат Селта, клубот им се заблагодарува на соработката и професионалноста во изминатиот период, како и за опстанокот во една комплицирана сезона. Исто така клубот им посакува среќа во иднина“, соопштија од Селта.
Гарсија во Селта дојде во ноември минатата година, а во јуни доби нов двегодишен договор откако го спаси клубот од испаѓање.