Дома Фудбал Италија Падна договор: Кеси останува верен на Милан!

Падна договор: Кеси останува верен на Милан!

Милан игра одлично во последно време, а еден од најдобрите поединци кај „росонерите“ е Франк Кеси.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Кеси во првите две сезони играше просечно, но откако дојде тренерот Пиоли на клупата тој е незаменлив во тимот на Милан.

Неговиот договор истекува во 2022 година, но Милан сака што е можно побрзо да ја продолжи соработката бидејќи Кеси на лето ќе влезе во последната година од договорот.

Последните информации од Италија се дека двете страни се блиску до договор за продолжување на соработката до 2024 година.

Африканецот има понуди и од други клубови, но реши да му остане верен на „росонерите“ и наскоро ќе стави потпис на нов договор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Англија не покажа ништо од спектакуларниот фудбал од првиот натпревар

Откако во првиот натпревар прикажа исклучително спектакуларен и резултатски фудбал, денес …