Британската влада денес и официјално даде „зелено светло“ за продолжување на Премиер лигата.
Како што соопштија властите, сите спортски настани остануваат забранети до 1 јуни, но потоа ќе бидат дозволени „културни и спортски настани зад затворени врати, за да се спречи ризикот од ширење на коронавирусот“.
Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓
Изработен е специјален протокол, кој ќе мора да го почитуваат сите спортски колективи, а се очекува Премиер лигата да продолжи од 12-ти јуни.
Во документот, кој е во 50 страни се споменува дека враќањето на публиката на терените ќе биде можно „во значително покасна етапа, која ќе биде директно зависна од ситуацијата со КОВИД 19.
Целиот „Проект рестарт“ сега треба да биде ставен на гласање од страна на клубовите, така што најмалку 14 клубови од 20 во Премиер лигата треба да гласаат ЗА.
BREAKING: The Premier League could return from June 1.
— Goal (@goal) May 11, 2020
Step two of the UK government's plan to exit lockdown includes 'permitting cultural and sporting events to take place behind closed-doors for broadcast, while avoiding the risk of large-scale social contact'. pic.twitter.com/4eS2cpjrdX