Аргентинскиот стратег Диего Симеоне денес и официјално стави потпис на нов договор и се обврза на верност кој Атлетико Мадрид до 2022 година.
Со овој потег Симеоне стави крај на сите шпекуалции дека ќе се раздели со „јорганџиите“ на крајот на сезоната.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Чоло е на кормилото на Атлетико Мадрид од 2011 година и под негово раководство тимот до сега одиграл 412 меча, од кои победил на 252. Импресивно делува фактот дека на цели 216 меча по негово водство „јорганџиите“ не примнаа гол.
Симеоне до сега освои седум трофеи со Атлетико – титула во Примера, Купот на Шпанија, Суперкупот на Шпанија, две титули во Лига Европа и две титули во Суперкупот на Европа. Притоа, тимот играше два пати во финалето од Лигата на шампиони.
#Simeone2022 #EnamoradoDelAtleti #14 pic.twitter.com/PoygeSRItR
— Atlético de Madrid (@atletienglish) February 14, 2019