Дома Останати Кошарка Официјално: Евролигата суспендирана на неопределено

Официјално: Евролигата суспендирана на неопределено

Раководството на Евролигата соопшти дека на неопределено време ги суспендира сите натпреварувања.

Евролигата ги следи препораките од Светската здравствена организација (СЗО), која прогласи пандемија во светот.

„Откако СЗО прогласи пандемија на коронавирусот, Евролигата со клубовите се договорија за привремен прекин на Евролигата, Еврокупот и младинските натпреварувања“, соопштија од организацијата.

На ваков чекор претходно се реши и ФИБА, која ги одложи сите натпревари под нејзино покровителство, a од утре нема да се игра ниту во НБА лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

На 19 години синот на Перо Антиќ почна тренерска кариера!

Синот на македонската кошаркарска легенда и поранешен репрезентативец Перо Антиќ, Лука Ант…