Дома Трансфер зона Отпишаната ѕвезда на Реал се сели во Серија А

Отпишаната ѕвезда на Реал се сели во Серија А

Напаѓачот на Реал Мадрид, Маријано Дијаз веќе ги спакувал куферите и кариерата ќе ја продолжи во Серија А, пренесуваат шпанските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Маријано Дијаз сака да го напушти Мадрид бидејќи не добива доволно минутажа кај Зидан, а најсилен интерес за неговиот потпис покажува Рома.

Рома веќе испратила понуда до неговиот агент, играчот сака да се пресели на „Олимпико“, а Реал нема да му стои на патот.

26-годишниот напаѓач оваа сезона не одигра ни секунда за Реал, а тренерот на „волчицата“ смета дека бин бил идеален партнер на Един Џеко.

Рома сака да го донесе Дијаз на позајмица до крајот на сезоната, со можност да го откупи неговиот договор на лето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…