Дома Трансфер зона Откако пропадна трансферот во Рома, Милик се сели во Премиер лигата

Откако пропадна трансферот во Рома, Милик се сели во Премиер лигата

Иако беше блиску до трансфер во Рома, се чини дека напаѓачот на Наполи, Милик е на пат кон Лондон.

Полскиот репрезентативец не е во добри односи со Наполи и јасно е дека во клубот повеќе не сметаат на неговите услуги. Обидот за трансфер на Олимпико пропадна, што значи пропадна и трансферот на Џеко во Јувентус.

Од семејна традиција до модерен бренд ↓↓↓


Рома ќе го задржи Џеко, Јуве на негово место го донесе Мората, а Милик ќе мора да бара нов клуб. Според последните информации, неговата следна дестинација ќе биде Тотенхем.

Договорот на Милик со Наполи е со важност до крајот на сезоната, па клубот со продажбата сака да заработи бидејќи на крајот може да го загуби бесплатно.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Партизан во „трка со времето“: Има рок од 48 часа да добие лиценца за Европа!

За сега Партизан нема лиценца за учество во УЕФА натпреварувањата следната сезона, и добиј…