Дома Фудбал Оригиналниот дрес со кој Буфон бранеше против Македонија ставен на аукција!

Оригиналниот дрес со кој Буфон бранеше против Македонија ставен на аукција!

На онлајн страницата „Charitystars“ пуштен е во продажбата дресот со кој Буфон го бранеше голот на Италија против нашата селекција во квалификациите за Светското првенство.

Станува збор за уникатен дрес, односно лично потпишан од страна голманската легенда.

Овој дрес Буфон го носеше на натпреварот кој се играше на „Олимпико“ во Торино на 6 октомври 2017 година. Натпреварот заврши без победник 1:1, стрелец на голот за Македонија беше Александар Трајковски.

Почетната цена на дресот кој Буфон го донираше во хуманитрани цели изнесува 500 евра. Понудата ќе биде отворена во наредните пет дена.

ТУКА можете да ја погледнете понудата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Одложени 24 натпревари од Купот на кралот по трагедијата кај Толедо

Шпанската фудбалска федерација ги одложи сите 24 средби закажани за среда навечер. Одлукат…