Дома Фудбал Англија Одлична вест за Ливерпул пред дербито против Манчестер Сити

Одлична вест за Ливерпул пред дербито против Манчестер Сити

Најдобриот фудбалер на Ливерпул, Мохамед Салах се опорави од повредата и од денес повторно тренира со своите соиграчи.

Салах порано од предвиденото се врати на терените во мечот против Брентфорд бидејќи се повредија Диого Жота и Дарвин Нунњез, но се покажа дека враќањето е избрзано и дека Египќанецот се уште има проблеми со повредата која ја заработи на Африканскиот Куп на Нации.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Враќањето на Салах доаѓа во одличен момент бидејќи Ливерпул викендов го чека големото дерби против Манчестер Сити.

Денес Салах започна со екипни тренинзи, што значи дека сигурно ќе биде подгтовен. Клоп за тој натпревар нема да може да смета на Алисон Бекер, Арнолд и Жота, како и од претходно повредените Тијаго, Матип и Стефан Бајчетиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Артета брутално искрен по шокантниот пораз: Оваа шлаканица ги заболи фудбалерите!

Фудбалерите на Арсенал денеска претрпеа неочекуван пораз на својот терен од Борнмут, а мен…