Дома Фудбал Од Севиља категорични: Сампаоли може да замине само под еден услов!

Од Севиља категорични: Сампаоли може да замине само под еден услов!

Шпанскиот клуб Севиља и одговори на Фудбалската асоцијација на Аргентина која го сака Жорге Сампаоли.

Аргентинците се во потрага по решение на селекторската позиција откако беше отпуштен Едгардо Бауза, а не е тајна дека главен кандидат за тоа место е 57 годишниот Жорге Сампаоли кој во овој момент ја предводи Севиља.

Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони


Сепак, тој сеуште има договор со шпанците, па тимот од Андалузија нема намера да го пушти без оштета.

„Клазулата во договорот на Самаполи е 1.5 милион евра и кој сака да го доведе пред истекот на договорот мора да ја плати, друг начин нема“, изјави Пеп Кастро, претседателот на Севиља.

Сампаоли неодамна изјави дека во младоста сонувал да ја предводи репрезентацијата на Аргентина и не би имал ништо да се проба во таа улога.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Потврдена е казната на Дин Хаусен

Апелационата комисија на Шпанската фудбалска федерација денес ја потврди одлуката на Дисци…