Раководството на Премиер лигата минатата недела едногласно изгласаа продолжување на сезоната во Премиер лигата.
Клубовите сакаат да се вратат на групните тренинзи од 18. мај, а планот е сезоната да се продолжи на 12. јуни и да се игра на неутрални терени.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Меѓутоа за ова ќе биде потребна дозвола од властите во државата. Продолжувањето на сезоната на неутрален терен најмногу го оспоруваат клубовите кои се во опасната зона и оние во близина. Норвич, Астон Вила и Бурнемоут се клубовите кои се на дното, а над нив се Брајтон, Вест Хем и Вотфорд.
Нив им одговара сезоната да се прекине и во тој случај никој да не испадне, додека во случај на продолжување би воделе тешка борба за опстанок на неутрален терен.
Денес медиумите пишуваат дека до овие клубови е испратено писмо преку кое раководството на Премиер лигата им се заканило со исфрлување ако продолжат да одбиваат да играат.