Дома Фудбал Од Наполи одново тврдат: Роналдо прво ни беше понуден на нас!

Од Наполи одново тврдат: Роналдо прво ни беше понуден на нас!

Португалскиот фудбалер Кристиано Роналдо минатото лето ги изненади сите со одлуката да го напушти Реал Мадрид и да потпише за Јувентус.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Роналдо експресно се прилагоди во Јувентус каде што во овој момент е најдобар стрелец.

Сепак, во италијанските медиуми денес се појави интересна изјава на спортскиот директор на Наполи, Кристијан Гиунтоли кој тврди дека Роналдо прво бил понуден на Наполи.

„Вистината е дека Роналдо прво ни беше понуден на нас. Понуден ни беше на мене и претседателот Де Лаурентис. Меѓутоа останавме без реакција бидејќи знаевме дека тој трансфер не сме во можност да го реализираме. Јувентус? Тие се во овој момент најдобар тим во Европа и за нас би било сон да ја завршиме сезоната во Серија А пред нив. Некои работи се многу тешко, но имаме надеж и веруваме до крај“, изјави Гиунтоли.

Ќе потсетиме претходно слична изјава имаше и првиот човек на Наполи, Аурелио Де Лаурентис

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Oд денеска на сила стапува правилото кое се воведе поради Винисиус!

Светската фудбалска организација предложи пред нешто повеќе од два месеци нови правила, ко…