Дома Фудбал Англија Ова е неверојатно: Селтик руши рекорд стар 100 години!

Ова е неверојатно: Селтик руши рекорд стар 100 години!

Селтик во 11-то коло во шкотската Премиер лига како гостин победи кај Абердин и дојде на чекор до израмнување на британскиот рекорд според бројот на одиграни натпревари без пораз.

Британскиот рекорд од 62 натпревара без пораз во домашните натпреварувања исто така е во сопственост на Селтик, а е поставен во периодот од 1915 до 1917 година на минатиот век под водство на Вили Мели.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Селтик против Абердин го одигра 61-от натпревар на кој не е поразен и од израмнување на рекордната низа го дели уште дуелот на домашен терен со Килманрок во сабота.

„Се изнаслушав гласини на тема колку Селтик лесно победува и бележи успеси во домашните натпреварувања. За овој резултат се заслужни само фудбалерите што имаат храброст на секој натпревар и на секоја топка да влезат како победници“, изјави менаџерот на тимот, Брендан Роџерс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

ПСЖ не успеа да го демонтира Ливерпул во Париз, но веќе гледа кон полуфиналето

Актуелниот носител на трофејот во Лигата на шампионите Пари Сен Жермен го надмина категори…