Дома Фудбал Останато Објавени официјални документи – Динамо со наместен натпревар се пласирал во ЛШ! (Фото+Видео)

Објавени официјални документи – Динамо со наместен натпревар се пласирал во ЛШ! (Фото+Видео)

Истрагата на УЕФА против Скендербег на големо е во тек, а повеќекратниот албански шампион најверојатно ќе се соочи со суспензија од 10 години, што е рекордна казна во модерниот фудбал.

Оваа казна можеби е и мала ако се погледне што се правело во овој клуб. За ова повеќе можете да прочитате ТУКА.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Од денес е познато дека една од 53-те наместени натпревари на овој клуб е онаа против Динамо во плеј-офот за Лигата на шампионите. Динамо во првиот натпревар славеше со 2:1, а во реваншот водеше 3:1 и имаше играч помалку во моментот кога започнале уплатите дека Хрватите ќе постигнат уште еден гол до крајот.

УЕФА со истрагата утврди дека „мириса“ на наместен натпревар, а албанските медиуми објавија официјални документи од кои може да се прочита дека фудбалерите на Скендербег манипулирале со резултатот на натпреварот, односно се обложувале сами против себе.

На споменатиот натпревар против Динамо кој веќе имаше предност од 3:1 и апсолутно немаше никаква потреба да напаѓа коефициентот растел од минута во минута, а уплати имало се повеќе. Динамо до четвртиот погодок кој значел и огромна заработка за оние што се обложиле на „сигурно“ стигна во 80 минута, стрелец беше Соудани. За многумина уште тогаш беше сомнителна реакцијата на голманот на Скендербег, Оргес Шеши.

Добра работа за хрватски Динамо е што УЕФА нема да започне истрага против Хрватите и како единствен виновник е Скендебег.

Во продолжение можете да погледнете дел од официјалните документи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…