Одлуката албански Скендербег да се суспендира на десет години беше најригорозна во историјата на фудбалот, но според она што го објави британски „Гардијан“ таа казна изгледа мала во споредба со она што се правело во овој клуб.
УЕФА во извештајот во кој ја објаснува одлуката клубот да биде исфрлен од меѓународните натпревари наведува „никој, никогаш во фудбалот не местел како Скендербег“.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Европската куќа на фудбалот објави дека Скендербег бил во служба на организиран криминал. Идентификувани се верувале или не, дури 53 натпревари на кои Скендербег го режирал резултатот со цел одредени лица „дебело“ да заработат во обложувалниците. Сите натпревари се одиграни во периодот од ноември 2010 до април 2016, а инспекторите на УЕФА акцентот го ставија на четири средби.
Два се од кваликациите за Лигата на шампионите во сезоната 2015/2016 и два од групната фаза во Лигата на Европа во ист циклус на натпреварување.
Покрај тоа независната комисија на тренери го даде своето мислење за целата ситуација, а изнајмена е и компанија од надвор да ги провери сите резултати. Скендербег, иначе веќе беше суспендиран на една година во сезоната 2016/2017. Таа казна ја потврди и спортскиот суд за арбитража. Сепак, оваа новата е сосема поинаква димензија.
Скендербег е обвинет дека со манипулации се обидел до стигне до огромна зарабтока на обложување и тоа на глобално ниво. Заработил милиони долари. Во извештајот се додава дека клубот нема апсолутно никаква почит кон итнегритетот на спортот и дека оформирл високо организирана структура која имала само една цел – ПАРИ!
Како се започнало? Клубот во јануари 2010 година беше пред испаѓање, претседателската функција тогаш ја превзема Агим Зеко. Клубот остана во елитата, а потоа започна низа од пет титули. Проблемите со лажирање натпревари започнуваат од ноември истата 2010 година.
Во организацијата на целата работа улога имале Ардијан Тајан, кој во 2012 го менува Зеко на претседателската функција, па и министерот за финансии на Албанија, Ридван Боде!?
Боде, според информациите на УЕФА е клучниот донатор на целата организација. „Гардијан“ истакнува дека Боде е тој кој имал моќ, врски и знаење да влијае на резултатите на Скендербег и дека тоа го правел со години.
Интересно е што наводно ги користел врските со играчите за да влијае на нивните потези на теренот…