Дома Фудбал Објавен документ: Навивачите на Барселона не можат да поверуваат на што се Бартомеу трошел пари

Објавен документ: Навивачите на Барселона не можат да поверуваат на што се Бартомеу трошел пари

Хозе Марија Бартомеу кон крајот на минатата година одлучи да си поднесе оставка од местото претседател на Барселона.

Бартомеу шест години беше претседател на Барселона, но беше приморан да си поднесе оставка откако навивачите покажаа големо незадоволство од начинот на кој го водеше клубот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кога Бартомеу ја напушти Барселона распишани беа претседателски избори, а на чело на клубот се врати Лапорта кој убедливо победи. Дури кога Лапорта дојде во клубот виде какви долгови оставил Бартомеу.

Веднаш Лапорта најави дека целта ќе биде намалување на долговите за клубот да може нормално да функционира. Поради таквата ситуација Меси не можеше да потпише нов договор, а неколку првотимци мораа да ја намалат својата плата за Барселона да ги регистрира новите засилувања.

Меѓутоа изгледа дека дури сега на површина излегуваат сите малверзации кои Бартомеу ги правел како претседател на Барселона, еден детал посебно ги изненади фановите на каталонскиот клуб.

Имено, каталонскиот ТВ3 вчра објави податок кој покажува дека Бартомеу користел пари на Барселона за да промовира противење на независноста на Каталонија.

Ваквиот податок секако не им се допадна на навивачите кои се надеваат дека Бартомеу ќе биде уапсен поради сите нечисти работи кои ги правел и ги прикривал со својата функција во клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…