Дома Фудбал Англија Обложувалниците веќе се спремни за отказ на Мурињо

Обложувалниците веќе се спремни за отказ на Мурињо

mouinho

Судејќи според отварањето на сезоната, Манчестер Јунајтед и оваа сезона ќе игра споредна улога во Премиер лигата.

Иако „црвените ѓаволи“ пред почетокот на сезоната беа сместани за „фаворити од сенка“ после Манчестер Јунајтед и Ливерпул во овој момент тимот на Мурињо се наоѓа на шестата позиција со големо заостанување зад Ливерпул од осум бодови.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во последното коло Јунајтед одигра 1:1 против Вулверхемптон.

„Ѓаволите“ оваа сезона веќе запишаа два порази од Брајтон и Тотенхем, тимот не игра допадлив фудбал и се мачи со екипите против кој би морал да победува, а сето тоа Жозе Мурињо би можел да го плати со отказ.

Според најновите предивуања на обложувалниците. Мурињо е втор најсериозен кандидат да добие отказ во Премиер лигата, за него коефициентот изнесува само 5.00. Прв е Нил Ворнок од Кардиф кој реди порази и се наоѓа на претпоследното место на табелата.

Манчестер Јунајтед во следното коло ќе игра против незгодниот Вест Хем.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Клоп се пожали: Тоа што ни го прават не е нормално

Јирген Клоп како и неколку пати во текот на сезоната повторно се жалеше на густиот распоре…