Италијанскиот новинат Пјетро Балзано Прота тврди дека има екскулзивни информации за иднината на Кристиано Роналдо.
Овој новинар на Твитер објави дека од повеќе извори дознал дека се спрема разделба помеѓу Роналдо и Јувентус на крајот на оваа сезона во која Јувентус го напаѓа Скудетото, Лигата на шампионите и Купот на Италија.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Исто така тој порачува дека информациите не се официјални и се работи за гласини, но највува дека наскоро може да се покаже како точно она што го слушнал од неколку страни.
Роналдо во Јувентус дојде летото 2018 година и оваа сезона одигра 32 натпревари за „старата дама“, постигна 26 голови и подели 9 асистенции.
Португалецот иако има 35 години се уште е во одлична физичка форма и има влијание на екипата. Не е познато уште колку време ќе го гледаме на највисоко ниво, а веќе некое време се поврзува со клубови надвор од Европа, најмногу МЛС лигата.
Confermo quanto detto: a fine stagione le strade della #Juve e di #Ronaldo potrebbero anche separarsi. Siamo a qualcosa poùdi un rumors, non ancora da classificarla come notizia concreta, ma ci sto lavorando.#Calciomercato https://t.co/pEkvMmvU1u
— Pietro Balzano Prota (@PBPcalcio) June 9, 2020
Ќе видиме дали објавата овој новинар е само за популарност или пак навистина има некакви информации.