Дома Топ вести Обамејанг најави заминување: Трансфер пазарот е отворен и за мене!

Обамејанг најави заминување: Трансфер пазарот е отворен и за мене!

aubemeyang

Пјер Емерик Обамејанг, веќе подолг период се поврзува со заминување од Дортмунд.

Како што се наближува зимскиот преоден рок се погласни се најавите дека би можел да ги напушти „милионерите“ каде што оваа година постигна 21 погодок.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во последната година Габонецот се поврзуваше со многу клубови, а самиот истакнуваше дека негов сон е да заигра за Реал Мадрид. Сепак, сега откри дека би можел да заврши и во Атлетико Мадрид.

Иако во медиумите се појавија информации дека потпишал нов договор со Борусија Дортмунд, изгледа дека заминувањето е многу по реална опција.

„Не сум потпишал договор. Трансфер пазарот е отворен, па и за мене“ изјави Обамејанг за француските новинари.

„Реал повеќе не е моја желба, не размислувам премногу за тоа. Атлетико? Сите знаат дека тие се во потрага по засилување. Мислам дека Гризман ќе замине, а доколку тоа се случи, тогаш се е можно“, истакна Габонецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Доби повик за ЕП, а тој го испланирал годишниот одмор: Веќе резервирав сафари во Танзанија

Селекторот на Германија, Јулијан Нагелсман вчера го објави списокот на фудбалери за Европс…