Дома Трансфер зона Норвешкиот супер талент конечно добива шанса во Реал?

Норвешкиот супер талент конечно добива шанса во Реал?

Еден од фудбалерите од кои многу се очекуваше е Мартин Одегард, кој е фудбалер на Реал Мадрид, но никогаш не успеа да го покаже својот талент.

Сепак, од оваа сезона игра одлично во Реал Сосиедад и поради тоа „кралевите“ сакаат да го вратат во клубот следното лето и да му дадат нова шанса.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Сите во клубот се надеваат дека Одегард ќе продолжи со настапите какви што ги има во Реал Сосиедад.

Неговиот договор со Реал Мадрид завршува во 2023 година, но би можел да биде продолжен следната сезона доколку заигра подобро.

Нема сомнеж дека станува збор за квалитетен и талентиран фудбалер, но останува да видиме дали ќе ја искористи новата шанса во редовите на „кралскиот клуб“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Шок во Атлетик Билбао: Легендата заминува по две децении!

Икер Муниаин донел одлука да го напушти својот Атлетик Билбао на крајот од сезоната. Леген…