Организаторите на егзибицискиот натпревар од 2012 година, во кој играле Новак Ѓоковиќ и Густаво Куертен, се должни на српскиот тенисер да му го исплатат остатокот од долгот, одлучи судот во Бразил, со што заврши девет годишниот судски спор.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
На Ѓоковиќ требало да му бидат исплатени 1,1 милион американски долари за мечот со Куертен одржан пред девет години во Рио де Жанеиро, но досега тој добил само мал дел од таа сума преку две уплати.
Поточно, тој беше платен 450.000, а остатокот треба да го добие сега откако заврши процесот.
Ѓоковиќ во неколку наврати изјавил дека парите не се причината зошто одлучил да оди во судска битка против организаторите на натпреварот.