Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Ново изненадување: Петркратниот светски шампион Бразил ремизираше против Швајцарија во првото коло (ВИДЕО)

Ново изненадување: Петркратниот светски шампион Бразил ремизираше против Швајцарија во првото коло (ВИДЕО)

Петкрактниот светски шампион, Бразил не успеа да триумфира во мечот од првото коло во групата Ф на Мундијалот против селекцијата на Швајцарија.

Бразил во Ростов ремизираше со 1:1 против помалку фаворизираната Швајцарија.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во првиот дел веќе во 19. минута Бразил го наметна своето темпо, и се изгледаше дека убедливо ќе триумфира. Благодарение на погодокот на Кутињо во истата минута, Бразил дојде до водство.

На полувреме се замина со гол позитива за Бразил, а веќе во вториот дел, Швајцарија покажа дека не кренала раце од мечот.

Имено, по првата шанса за погодок , предводниците на Петковиќ стигнаа до изедначување, и тоа благодарение на погодокот на Зубер во 50. минута од мечот.

Иако имаше шанси до самиот крај, овие две селекции по првото коло во групата Ф сепак ги поделија бодовите.

https://www.youtube.com/watch?v=u6p0yOb2DrI

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Челзи го избрал наследникот на Покетино?

Oд редовите на Челзи испратиле богата понуда до Антонио Конте со цел да го преземе тимот и…