Дома Топ вести Новата ѕвезда на Реал: Бев во инвалидска колична, учев повторно да одам!

Новата ѕвезда на Реал: Бев во инвалидска колична, учев повторно да одам!

Реал Мадрид пред неколку дена го купи левиот бек Ферланд Менди од Лион за 50 милиони евра.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Младиот дефанзивец зад себе имаше одлична сезона во Лион, но ретко кој ја знае неговата животна приказна.

Пред десет години Менди не можел да се движи. На само 11 години го загубл татко му, а само година подоцна му била дијагностицирана инфекција на колкот.

Докторите му порачале дека никогаш повеќе нема да може да игра фудбал, но Менди никогаш не се откажал. Со месеци траела рехабилитацијата, па тој повторно учел да оди и успеал да стигне повторно на теренот.

„На само 15 години имав операција на колкот и докторите ми рекоа дека никогаш повеќе нема да играм фудбал. Бев во инвалидска количка одредено време и поминав седум месеци во болница на рехабилитација. Учев повторно да одам, а сега сум во Реал Мадрид. Неверојатно…“, порача Менди.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Реал Мадрид ја прекинува потрагата по нов играч за врска

Управата на Реал Мадрид одлучила да ја прекине потрагата по нов играч од средниот ред, отк…