Дома Трансфер зона Нова битка меѓу Конте и Мурињо – овој пат за италијански талент

Нова битка меѓу Конте и Мурињо – овој пат за италијански талент

Лоренцо Пелегрини е продукт на школата на Рома, но својата фудбалска афирмација ја доживеа во Сасуоло каде изминатите две сезони го покажа сиот свој талент.

Ова лето „Волчицата“ го врати Пелегрини во своите редови на барање на новиот тренер Де Франческо кој соработуваше со младиот играч за врска во Сасуоло.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Оваа сезона Пелегрини одигра 10 натпревари во Серија А, но неговиот талент не остана незабележан кај најголемите европски клубови.

Конкретен интерес за него уште во текот на летото покажа Антонио Конте, а сега во траката за Италијанецот се приклучи и Жозе Мурињо кој сака да го донесе на „Олд Трафорд“.

Пелегрини е сигурно иднина на италијанскиот фудбал, а она што може да ја загрижува Рома е што има клаузула од „само“ 25 милиони евра, која нема да претставува проблем за англиските клубови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Манчестер Јунајтед со богата понуда за Рабио

Манчестер Јунајтед спрема  понуда за ѕвездата на Јувентус и француската репрезентациј…