После Пол Пгба уште еден фудбалер на Манчестер Јунајтед заработи повреда.
Во прашање е најдобриот стрелец на тимот Ентони Марсијал кој во 58-та минута постигна гол во вчерашното дерби против Манчестер Сити.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Марсијал беше принуден да го откаже настапот за француската репрезентацијата, па на негово место Дидие Дешам го повика Александар Лаказет.
Французинот во дербито на Манчестер го постигна шестиот гол на последните седум натпревари за Јунајтед и доколку набрзо не се опорави ова би можел да биде сериозен проблем за „ѓаволите“.
Поранешниот напаѓач на Монако претходно во сезоната имаше несогласувања со Мурињо, а дури се најавуваше и дека може да го напушти клубот.
Освен Марсијал во репрезентацијата на „Триколорите“ ќе го нема ниту Пол Погба, кој исто така е повреден.