Дома Фудбал Англија Нов голем трансфер во Англија: Њукасл плати 44 милиони евра, падна потпис на пет години!

Нов голем трансфер во Англија: Њукасл плати 44 милиони евра, падна потпис на пет години!

Ова е голем трансфер ден во Англија. Откако Астон Вила најави доаѓање на големо засилување, истото го направи и Њукасл Јунајтед.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Њукасл Јунајтед денеска го официјализираше доаѓањето на новото засилување, а арапските сопственици одвоија 44 милиони евра за негово доведување.

Тие пари паднале на сметката на Лестер Сити од кој во спротивна насока пристигна Харви Барнс.

Овој Англичанец, кој има и шкотско потекло, игра на позицијата лево крило, но по потреба може да игра и нешто порезервирано, како и на позицијата офанзивен играч за врска.

Тој потпиша договор на пет години, односно до летото 2028 година и би требало да претставува големо засилување со оглед на вложените пари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ибрахимовиќ направи неочекуван потег, Павловиќ без вина завршил на трансфер листа

Росонерите до пред само еден месец беа во битка за титулата во Италија со Интер, но потоа …