Шпанскиот новинар и фудбалски инсајдер Фонтес ја разбранува фудбалската јавност кога во својот подкаст изјави дека Нејмар (32) му признал дека сака по секоја цена да се врати во Барселона. Оваа изјава ги подгреа шпекулациите дека легендарниот Бразилец би можел да се врати во клубот кој го прослави.
Нејмар, кој моментално настапува за клубот Ал-Хилал од Саудиска Арабија, пред 11 години дојде на „Камп Ноу“ од бразилскиот Сантос и брзо стана миленик на навивачите. Со Лионел Меси и Луис Суарез, тој формираше смртоносно напаѓачко трио познато како МСН.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Нејмар со Барселона во 2015 година освои две шампионски титули и Лигата на шампионите, но две години подоцна го шокираше светот кога се пресели во ПСЖ во најскапиот трансфер во историјата, за 222 милиони евра. Иако играше добро на Паркот на принцовите, не ги исполни во целост очекувањата на навивачите во однос на напредокот на клубот во Европа.
Обземен од бројни повреди, тој играше се помалку и се повеќе беше мета на критики од навивачите и новинарите во Франција. Поради ова минатата година го напушти Париз и реши да потпише договор со Ал-Хилал вреден 150 милиони евра годишно. Сепак, Фонтес откри дека Бразилецот сака сериозен фудбал и дека сонува да се врати во Каталонија.
Бидејќи Барселона е во финансиски колапс, не можат да му понудат речиси иста плата како Саудијците, но се повеќе се шпекулира за можноста Нејмар да се согласи да игра за многу помалку, само за да се врати во Барселона.