Дома Фудбал Останато Нејмар: Роналдо ќе го промени италијанскиот фудбал

Нејмар: Роналдо ќе го промени италијанскиот фудбал

Бразилскиот фудбалер Нејмар денес во медиумите зборуваше за трансферот на Кристиано Роналдо во редовите на Јувентус.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Кристиано Роналдо неодамна потпиша договор на четири години со тимот на Јувентус и порача дека сака да остави длабока трага во историјата на „старата дама“.

„Мислам дека Кристиано Роналдо ќе го промени италијанскиот фудбал. Повторно тоа ќе биде италијанскиот фудбал кој го гледав како дете, Роналдо не е само одличен играч, тој е фудбалска легенда, тој е гениј“, изјави Нејмар.

Роналдо со Реал Мадрид освои четири титули во Лигата на шампионите, два трофеи во шпанската Примера како две титули во кралскиот куп. Нејмар смета дека не му било лесно на Роналдо да се одлучи да го напушти Реал.

„Среќен сум поради неговата одлука. Мислам дека тоа за него беше тешка одлука, му посакувам среќа, но не против нас“, изјави Нејмар за „Скај“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Шок за Швајцарија во петтата минута од судиското продолжение – Храбриот Катар дојде до многу важен бод (Видео)

Швајцарија и Катар одиграа нерешено (1:1). Во 21 часот по наше време беше одигран натпрева…