Дома Фудбал Останато Нејмар призна: Можеби претерав со паѓањата, но сега сум нов човек!

Нејмар призна: Можеби претерав со паѓањата, но сега сум нов човек!

Најскапиот фудбалер на светот, Нејмар призна дека претерал со рекциите по некои прекршоци против него за време на Светското првенство во Русија.

Бразилецот исто така изјави зел поука од критиките кои ги добил во својата татковина и во целиот свет и дека комплетно се променил.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Можеби мислите дека претерував. Да, понекогаш претерував со реакциите, но вистината е дека претрпев доста удари за време на натпреварите и тоа ме болеше. Многу луѓе мислат дека паѓав премногу лесно, но имаше ситуации во кои буквално се распаѓав“, рече Нејмар.

„Но ги прифаќам критиките. Долго време размислував за сè и сметам дека веќе сум нов човек“, додаде тој.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…