Дома Останати Авто Мото Несреќата на Шумахер спречила да се испише една од најубавите приказни во спортот…

Несреќата на Шумахер спречила да се испише една од најубавите приказни во спортот…

Поранешниот менаџер на легендарниот Ф1 возач Михаел Шумахер, Вили Вебер откри дека Германецот имал големи планови пред да се случи несреќата.

Ќе потсетиме, Шумахер настрада кон крајот на 2013 година во текот на одморот, а до денес за неговата состојба скоро и да не се знае ништо, но јасно е дека повеќе никогаш нема да биде во состојба да води нормален живот.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Вебер откри дека Михаел пред несреќата имал големи планови и тоа со својот син Мик.

„Михаел беше неровзен поради влегувањето на неговиот син Мик во светот на Формула 1, а дури сакаше и да му биде менаџер. Тоа ќе беше една голема и прекрасна приказна, сигурен сум дека ќе уживаше во таа работа“, изјави Вебер.

Инаку, Мик неодамна беше тест возач на Ферари во Формула 1, но сигурно дека над него има голем притисок.

„Мик секогаш мислеше дека треба да има резултати како неговиот татко. Тоа е навистина еден голем притисок за младо момче, резултатите на Шумахер се навистина фантастични“, додаде Вебер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Авто Мото

Проверете

Баерн спрема нова понуда за Араухо

Баерн Минхен не се откажува од дефанзивецот на Барселона, Роланд Араухо, пренесуваат герма…