Новиот тренер на Реал Мадрид, Солари одлично ја започна авантурата во „кралскиот“ клуб, но во следните недели ќе има големи проблеми со повредени фудбалери.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Шпанските медиуми пренесуваат дека последен фудбалер кој се пожалил на повреда е левиот бек Серхио Регилон, кој ќе отсуствува од терените еден месец.
Регилон беше еден од тројцата фудбалери кои не го завршија мечот со Селта, заедно со Начо и Каземиро, кои исто така се повредија.
Сепак, добрите вести се што наскоро се очекува да се вратат на терените Варан, Марсело и Карвахал.