Дома Фудбал Невидено лудило во Амстердам! Ајакс се пласира по трилер и 34 пенали

Невидено лудило во Амстердам! Ајакс се пласира по трилер и 34 пенали

Фудбалерите на Ајакс го елиминираа Панатинаикос во третото коло од квалификациите за Лига Европа со пенали 13:12 (0:1) по серија од дури 34 пенали.

По победата на Ајакс од 1:0 во Атина, Тете постигна гол во 89. минута за продолженија на Панатинаикос во Амстердам, а потоа и пенали, какви одамна не се видени на натпревар.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Голманот на Ајакс, 40-годишниот Ремко Пасвер одбрани пет пенали и постигна гол. Брајан Броби не реализираше ниту еден од двата пенали кои ги изведе, прво во петтата серија, па во шеснаесеттиот, двата пати за победа на Ајакс од 13:12.

Во плеј-офот од Лига Европа, Ајакс ќе игра против полската Јагелонија, додека Панатинаикос во плејофот од Конференциската лига ќе игра против францускиот Ленс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Артета брутално искрен по шокантниот пораз: Оваа шлаканица ги заболи фудбалерите!

Фудбалерите на Арсенал денеска претрпеа неочекуван пораз на својот терен од Борнмут, а мен…