Дома Фудбал Италија Неверојатно: Навивач успеал незабележано да влезе во соблекувалната и да слави со фудбалерите на Наполи!

Неверојатно: Навивач успеал незабележано да влезе во соблекувалната и да слави со фудбалерите на Наполи!

Наполи веќе ја прослави титулата во Серија А на која чекаше 33 години, а помеѓу фудбалерите во соблекувалната на прославата успеал да се протне и еден навивач.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Елмас и друштвото имаа ноќ за паметење во Удине пред две кола кога ја обезбедија титулата и таа вечер тешко дека ќе ја заборави некој фан на Наполи. Сепак, најмногу ќе ја памети навивачот Салваторе Балзано кој за медиумите во оваа Италија раскажа што му се случило.

Балзано успеал незабележано да влезе во тунелот и да стигне до соблекувалната, а најинтересна во соблекувалната му била реакцијата на Амир Рхмани кој се изненадил, па му рекол:

„Кој по ѓаволите си сега ти?!“.

Службите сепак имаа разбирање и бидејќи се работи за славје по 33 години и се поминало без никакви проблеми, Балзано поминал без казна и си добил спомени кои ќе ги памети цел живот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Лајпциг ја одбил и втората понуда на Ливерпул за Диоманде?

Ливерпул не успеал и со втората своја понуда за крилото на РБ Лајпциг, Јан Диоманде. Како …