Дома Трансфер зона Не се само шпекулации: ПСЖ спремен да го доведе заборевениот ас на Реал Мадрид, Челзи, Арсенал…

Не се само шпекулации: ПСЖ спремен да го доведе заборевениот ас на Реал Мадрид, Челзи, Арсенал…

Нема сомневање дека ПСЖ ќе биде активен во зимскиот преоден рок.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Парижаните многу веројатно ќе ја одбранат титулата во Франција, за Лига 1 имаат пресилен тим, но амбициите на клубот од Катар се многу поголеми, шеиците сакаат исчекор и во Европа.

Но, сепак тие нема да продолжат со досегашната трансфер политика и нема да трошат стотина милиони евра. Не затоа што имаат намера да штедат, туку бидејќи се приморани на тоа поради финансискиот фер плеј.

Она што на почетокот изгледаше како медиумска шпекулација и нешто што не е возможно да се случи, сега изгледа дека станува посериозно. Ласана Диара како слободен фудбалер наскоро би можел да се приклучи на клубот од Париз, пренесуваат скоро сите спортски медиуми во Франција.

32 годишниот поранешен француски репрезентативец во кариерата настапуваше за Реал, Челзи и Арсенал, а после заминувањето во руски Анжи кариерата му тргна во надолна линија. После пропастот во Анжи, Диара настапуваше за Локомотив Москва, Марсеј, а последната епизода ја имаше во Ал Џезеира.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…