Манчестер јунајтед го доживеа најголемиот пораз против Ливерпул (0-7) во 26. коло од англиската Премиерлига, по што ѕвездите на тимот од „Олд Трафорд“ добија жестоки критики.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Најголеми критики доби капитенот Бруно Фернандеш, па дел од навивачите, но и поранешните фудбалери бараат да остане без капитенска лента.
„Постојат луѓе кои имаат поголем квалитет за да ја носат капитенската лента. Фернандеш не може да биде нивни лидер.
Мислам дека тој никогаш не треба да биде капитен на екипата“, кажа Крис Сатон.