Португалскиот фудбалер Бруно Фернандеш е подготвен да замине од Манчестер јунајтед доколку не му биде претставен проект кој ќе го убеди да остане.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Менаџерот на Фернандеш веќе отворил преговори со неколку екипи, меѓу кои се Баерн Минхен и Барселона.
Фернандеш ги кажал своите лични услови до заинтересираните клубови, кои се подготвени да му ги исполнат, но претстојат преговори со „црвените ѓаволи“.
Новинарот Фабрицио Романо објави дека Фернандеш е разочаран од резултатите на премиерлигашот и затоа размислувал да ја напушти екипата од „Олд Трафорд“.