Капитенот на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш не може да се пофали со добра форма на стартот од оваа сезона.
Англиските статистичари пресметаа дека Бруно е играчот со најмногу загубени топки во Премиер лигата од почетокот на оваа сезона.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Според нивната детална анализа, Бруно сезонава 34 пати го загубил поседот на топката, што е во просек седум пати по натпревар.
Покрај тоа, Португалецот се уште е без гол во седум натпревари во сите натпреварувања, но забележа четири асистенции во вкупно 557 минути на теренот.
Навивачите на Манчестер Јунајтед преку социјалните мрежи изразија загриженост за формата на еден од фудбалерите кој во минатото беше најконстантен.