Дома Фудбал Најтрофејните шест фудбалери: Изненадување на втората позиција и само еден претставник од минатиот век

Најтрофејните шест фудбалери: Изненадување на втората позиција и само еден претставник од минатиот век

Веќе е познато дека Дани Алвес поединечно е најтрофејниот фудбалер на сите времиња.

Алвес со Севиља, Барселона, Јувентус и Пари Сен Жермен освои 38 трофеи, а зад него следува верувале или не Максвел со 36. Свесни сме дека Максвел освојуваше многу трофеи бидејќи Златан Ибрахимовиќ во „влечеше“ со себе, но не е јасно како успеа да освои повеќе трофеи од Швеѓанецот.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Златан во својата кариера освои 34 трофеи и се наоѓа на четвртото место зад Андрес Иниеста кој освои 44.

Лионел Меси е петти со 33, а интересно на шестата позиција се наоѓа најтрофејниот шкотски фудбалер, легендарниот Кени Даглиш со 31 трофеј.

Даглиш за Селтик настапуваше од 1969 до 1977 година и на 204 настапи постигна 167 погодоци. Кариерата ја продолжи во Ливерпул каде што остана до 1990 година и на 355 настапи постигна 172 погодоци.

Од 1985 година беше тренер и играч на Ливерпул. После што замина и од редовите на „црвените“ и тренерската кариера ја продолжи во Блекбурн, па во Њукасл, за подоцна да стане спортски директор на Селтик.

Даглиш го држи рекордот по бројот на настапи (102) и погодоци (30) за репрезентацијата на Шкотска.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Потегот на Влаховиќ ќе предизвика „земјотрес“ во Италија

Фудбалерите на Јувентус беа поразени од Реал Мадрид со 1:0, со што испаднаа од Светското п…