Дома Фудбал Светско првенство во фудбал НАЈАВА ден 4: Србите фаворити против Костарика, Мексико против светскиот шампион, ќе истрачаат и „Кариоките“…

НАЈАВА ден 4: Србите фаворити против Костарика, Мексико против светскиот шампион, ќе истрачаат и „Кариоките“…

word cup

Денес е четвртиот ден од Мундијалот во Русија кој ни носи три интересни натпревари.

Прво, од 14:00 мундијалската програма ја отвара нашиот сосед Србија кој ќе го одигра првиот натпревар на ова Светско првенство и тоа против селекцијата на Костарика.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Гледајќи на хартија Србите се фаворити во овој натпревар и веројатно доколку сакаат пласман во следната фаза овој натпревар мораат да го победат, бидејќи во следните две кола ги очекуваат натпревари против Бразил и Швајцарија.

Костариканците како најголеми ѕвезди во својот тим ги имаат голманот на Реал Мадрид, Кејлор Навас и соиграчот на нашиот Стефан Ристовски од Спортиг, Брајан Руиз. Од друга страна Србите во своите редови ги имаат Сергеј Милинковиќ Савиќ, Адем Лајиќ, Коларов, Матиќ, Митровиќ…

Вториот натпревар од 17:00 часот ни го носи и првиот натпревар на Мундијалот на селекцијата на актуелниот светски шампион Германија која ќе игра против секогаш незгодните Мексиканци.

Јасно, Германија како актуелен бранител на трофејот важи за фаворит против поголемиот дел од селекциите, па така е и во овој натпревар.

Во минатото за разлика од претходниот натпревар, овие две селекции вкупно пет пати се сретнувале на поголемите натпреварувања, два пати играа на Купот на конфедерациите и три пати на светските првенства.

Последен пат пред само една година. Тогаш Германија славеше убедлива победа од 4:1, додека на натпреварот на Купот на конфедерациите во 2005 видовме дури шест погодоци, по три на двете страни во регуларните 90 минути, во продолженијата славеше Германија со 4:3.

Кога се мундијалите во прашање се сретнуваа во 1998, победа на Германија од 2:1, во 1986, победа на Германија после продолженија од 1:0 и во 1978 убедлива победа на Германците од 6:0.

И за крај натпреварот кој веројатно привлекува најмногу внимание, сите сакаат да видат како ќе отвори Бразил. „Кариоките“ ќе се сретнат со Швајцарија во 20:00 часот.

Бразил е еден од првите фаворити за трофејот, па сигурно дека е како фаворит влегува против Швајцарците. Очекувањата се Бразил да не погреши и да ја продолжи добрата форма во која не се поразени на дури 17 натпревари.

Кога е традицијата во прашање овие две селекции во минатото одиграле само една средба на светските првенства и тоа во далечната 1950 (2:2). Во поновата фудбалса историја одиграа само две пријателски средби. Во 2006 година Бразил славеше победа од 1:2, а в 2013 Швајцарија ги совлада „Кариоките“ со 1:0.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

„Бомба“: Еден од најголемите ривали на Ѓоковиќ стана негов тренер!

Новак Ѓоковиќ го потврди својот нов тренер и тој е големо изненадување. Имено во подготовк…