Маркос Алонсо веќе две сезони е еден од најважните фудбалери на Челзи, а наскоро би требало да стави потпис на нов договор.
Шпанскиот лев бек беше еден од клучните играчи кај Конте, но и во формацијата на Сари бидејќи игра фантастично како во офанзива така во дефанзива.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Маркос Алонсо има договор до 2021 година, се наоѓа на мета на Реал Мадрид и Барселона, но најави дека наскоро ќе стави потпис на нов договор.
„Смирен сум и многу среќен во Челзи. Очигледно и клубот е задоволен од мене бидејќи ми понуди нов договор. Преговорите се при крај, мислам дека се ќе биде готово во наредните неколку дена“, потврди Алонсо.
Алонсон моментално е со шпанската репрезентација каде што се припрема за мечот со Велс, бидејќи селекторот Луис Енрике во него гледа прв избор на таа позиција.