Дома Топ вести Наполи ја одреди цената за Кварацхелија, Сити спремен да ја плати

Наполи ја одреди цената за Кварацхелија, Сити спремен да ја плати

Наполи оваа сезона игра фантастично, а еден од играчите кој остави најсилен впечаток е сигурно Квича Кварацхелија.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Кварацхелија е вистинско откритие на Серија А оваа сезона и се промовираше во вистински лидер на Наполи, па го привлече вниманието на многу европски гиганти.

Грузиецот има ефект од 13 гола и 16 асистенции на 29 натпревари во сите натпреварувања, а Сити спрема понуда за него и сака да го доведе на „Етихад“.

Меѓутоа, Наполи нема лесно да се откаже од својата ѕвезда и за неговата слобода бара најмалку 100 милиони евра.

Гвардиола е спремен да ја плати таа сума, па „граѓаните“ веќе стапиле во контакт со неговиот агент и сакаат да ја победат конкуренцијата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Херојот од Палермо се повлече од репрезентацијата: Мојот труд не се вреднува доволно!

Aлександар Трајковски преку социјалните соопшти дека во иднина нема да настапува за Македо…